Тимот на Партизан Гевгелија ќе влезе засилен во пролетниот дел од сезоната во Првата лига со двајца нови ракометари.
Станува збор за левиот бек Илија Табаков, кој во претходната полусезона го носеше дресот на суперлигашот Радовиш и поранешниот кадетски репрезентативец Стојанчо Наумовски од прволигашот Младост Богданци кој игра на средната бековска позиција.
Taбаков потекнува од Велес, а освен за Борец, настапуваше и за Бутел Скопје, Аеродром, Радовиш…додека Наумовски потекнува од школата на Младост Богданци и досега играше таму.
Партизан Гевгелија по 13 одиграни кола има шест победи и седум порази што е доволно за 9 место и 11 бодови, а во првото коло од пролетниот дел ќе му гостува на лидерот Младост Богданци.
























