Ракометарите на Партизан Гевгелија се израдуваа на втората победа во прволигашкиот плеј-аут, откако го совладаа Текстилец со 34:32 (17:16).
Во крајно израмнет натпревар и игра гол за гол, домашниот тим беше повеќе пофукусиран во клучните моменти и заслужено стигна до втор триумф во вториот дел од сезоната.
Најзаслужни за победата на Партизан Гевгелија беа Атанасов Димитар и Горан Лисичков.
Двајцата ракометарки комбинираа 19 погодоци, Атанасов имаше десет реализации, додека Лисичков една помалку.
Кај поразениот табор убедливо најефикасен беше Благој Сенев со 11 погодоци, осум додаде Милисав Петров.