Вардар и Мелсунген ќе бијат битка за првото место во групата од главната рунда во Лигата на Европа, а бундеслигашот ќе биде посилен за познато име.
По скоро цела година пауза, во составот на тимот предводен од Роберто Гарсија Парондо ќе биде Данецот Арон Менсинг.
Тој беше во аут по повредата скоро цела година, беше во составот за Вецлар во Бундес лигата, но не влегуваше во игра.
Сепак очекувањата се дека ќе игра против Вардар, а Парондо ќе го има на располагање и Давид Мандиќ, кој исто така паузираше поради повреда, како и Ерик Баленсијага, па шпанскиот стратег полека го собира целиот тим што му е на располагање.
Натпреварот меѓу Мелсунген и Вардар ќе се игра утревечер во „Ротенбах Арена“ во Касел од 20:45 часот.

























