Ракометарите на Вардар по триумфот над Валур во првото коло во Лигата на Европа, ќе му гостуваат на бундеслигашот Мелсунген.
Таму ќе се сретнат со екс триото од „црвено-црниот“ клуб – тренерот Роберто Гарсија Парондо, кружниот напаѓач Рожерио Мораеш и десниот бек Даинис Кристопанс.
Парондо ја освои титулата во Лигата на шампионите во 2019 година, а сега за првпат ќе мора против својот некогашен клуб.
„За мене е првпат оттогаш да се среќавам со Вардар. По натпреварот сигурно ќе имаме време за евоцирање спомени, а претходно ќе биде натпревар како и секој друг.
Во изјавата за клупскиот веб-сајт, Парондо не сакаше да ги споредува Вардар и Порто и вели дека секој натпревар е различен. Сепак ги истакнува Марко Срдановиќ, левите бекови и голманот Фереира, како играчи на кои треба да се обрне внимание.