По тешката повреда на Небојша Симиќ и долгата пауза од ракометните терени, раководството на Мелсунген реагираше експресно.
Тимот на Роберто Парондо го донесе репрезентативниот голман на Унгарија, Ласло Бартуч, кој доаѓа од Татабања.
Тој се обврза на договор на една година и ќе биде одлична замена за Симиќ, кој ќе прескокне голем дел од наредната сезона.
Бартуч ќе формира тандем со Криштоф Паласич на голот на Мелсунген, а тие двајца се тандем и во унгарската репрезентација.