Парондо и Мелсунген добија „бомбардер“

Бундеслигашот Мелзунген официјално го претстави своето најново засилување – белорускиот лев бек Владислав Кулеш.

Кулеш потпиша договор на шест месеци, со можност за продолжување до крајот на сезоната 2025/26.

Претходните три сезони ги мина во редовите на Хановер, каде се етаблираше како искусен играч во Бундеслигата.

„Навистина сакав да останам во Бундеслигата. Мелсунген има одличен тим кој напредува од сезона во сезона. Подготвен сум целосно да се вложам и да помогнам колку што можам“, порача 29-годишниот бек.

Кулеш претходно играше три сезони за Хановер, беше дел од Келце и СКА Минск во кариерата, а сега ќе го носи дресот на тимот предводен од Роберто Парондо.