Натпреварот меѓу Франција и Германија од четвртфиналето на Олимписките игри е последниот натпревар во богата играчка кариера на големиот Никола Карабатиќ!
Иако тој посакуваше уште два натпревари до крајот на кариерата, сепак нема да го памети последниот по некое олимписко одличје, туку по елиминација, и тоа драматична, од Германија.
Германците славеа по продолженија со 35-34, откако Усчинс погоди на петнаесетина секунди до крајот, а последниот удар на Французите не беше прецизен и мечот заврши.
Kaрабатиќ во клупската кариера освои 16 титули во Франција, четири во Германија и две во Шпанија, односно 22 титули во 23 одиграни клупски сезони.
Легендарниот ракометар со Франција освои 4 титули на ЕП, 4 титули на СП и три на ОИ.