По поразот од Египет во првото коло, машката репрезентација на Унгарија ја забележа првата победа на ОИ и славеше против Аргентина со убедливи 35-25.
Унгарците беа доминантни во текот на целиот натпревар и ја продолжуваат трката по четвртфиналето во Париз.
До паузата избраниците на Чема Родригез направија залиха од пет гола, а потоа во вториот дел само рутински го довршија мечот.
Имре беше најдобар стрелец кај победничката репрезентација со седум гола, додека пет пати стрелаше Рошта.
Кај Аргентина се истакна Пабло Симоне со пет погодоци.