ПАРИЗ 2024: Шведска победнички во четвртфинале, Словенија се збогува со шансите за ТОП 8

Женската репрезентација на Шведска со победа над Словенија со 27-23 ја затвори групната фаза од Олимписките игри.

Со овој пораз Словенките останаа на два бода и се збогуваа со шансите за четвртфиналето, бидејќи дури и да загубат и Германија и Кореја, се послаби од бундес тимот на мини табелата.

Избраничките на Драган Аџиќ водеа со 14-11 на паузата, но попуштија во второто полувреме и скандинавскиот тим ги однесе бодовите.

Шведска и пред овој меч беше сигурна во четвртфиналето, а по крајот на дуелите на Данска и Норвешка ќе биде познат конечниот распоред на табелата.

Најдобар стрелец во победничката селекција беше Хагман со пет гола, додека Оморегие со девет се истакна кај Словенија.