Швеѓанките направија изненадување на стартот и го победија повеќекратниот европски, светски и олимписки првак Норвешка.
Но сепак победата над големиот ривал беше скапо платена, бидејќи Олимписките игри завршија за Софија Хвенфелт.
Шведската репрезентативка на крајот на првиот дел беше принудена да излезе од теренот, а прегледите покажаа дека ОИ завршија за неа.
Таа ги скина предните вкрстени лигаменти и селекторот Томас Акснер мораше уште по првиот меч да прави замена во ростерот.
Местото на Хвенфелт ќе го заземе Oливија Лофквист.