Машката репрезентација на Шведска ја забележа првата победа на Олимписките игри, откако славеше над Шпанија со 29-26.
Во првиот дел најчесто се играше израмнето, но како се доближуваше финишот Шведска се одлепи на плус четири, 11-7.
Шпанците не се откажаа од камбек и набрзина со серија од четири погодоци израмнија на 11-11 на пауза.
Скадинавците одново ја преземаа контролата на стартот на второто полувреме, „фуријата“ успеа да намали на минус два, но тоа беше се од нив.
Шведска отиде на плус седум, 27-20 и немаше веќе време за камбек на Шпанците, па победата ја однесоа избраниците на Глен Солбер.
Пелас и Бергендал беа најдобри стрелци со по пет гола кај Шведска, а голманот Тулин запиша 16 одбрани. Во составот на Шпанија се истакна Фернандез со седум погодоци.