ПАРИЗ 2024: Шпанија испиша историја, Перез де Варгас донесе полуфинале

Шпанија покажа дека никогаш не треба да се отпишува, и имаше огромно враќање на дуелот со Египет, што „фуријата“ го доби со 29-28, дури по продолженијата 2х5 минути. Шпанците испишаа и историја, бидејќи се првата репрезентација што одиграла 80 натпревари на Олимписките игри.

Ривал на Шпанија во полуфиналето ќе биде подобриот од дуелот меѓу Франција и Германија.

Голманот Перз де Варгаз е херојот на мечот, со 17 одбрани, но три многу важни. Едната во последните секунди од регуларниот дел, а пото аи во последните секунди од продолжението кога ги одбрани ударите на Египет, и му донесе на својот тим пласман меѓу четирите најдобри.

Иако во текот на мечот Египет го контролираше резултатот, на крајот Шпанците се вратија, го израмнија резултатот и покажаа непоколебливост и неоткажување. Израмнија на 24-24 во 59 минута, а потоа Египет поведе. Но, останаа само 12 секунди до крај, а резултатот беше 25-25.

Во продолженијата Шпанија ја презеде контролата, и го „сврте“ мечот во своја корист.
Тоа беше реприза на мечот за бронза од пред четири години кога триумфираше Шпанија. Шпанија испиша историја бидејќи е првиот тим што одиграл 80 натпревари н аолимпијадата. На никој друг тоа не му успеало.