Селекцијата на Бразил направи мало изненадување и убедливо ја совлада Шпанија на со 29-18 на стартот на Олимписките игри во Париз.
Јужноамериканскит шампион уште во првиот дел стави до знаење дека ќе доминира и до паузата обезбеди плус пет, 15-10.
Во второто полувреме Шпанија се обиде да се врати во мечот, но не успешно и Бразил само ја дуплираше предноста.
Најдобри стрелци во победничкиот табор беа Матиели и Де Паула со по шест погодоци, а меѓу стативите блескаше Морески со 14 интервенции.
Во составот на Шпанија, Лопез се истакна со пет гола од пет обиди, а по четири пати погодија Гонзалез и Кампос.