Еден ракометар и пет ракометарки ќе бидат знаменосци на Свеченото отворање на Олимписките игри во Париз.
Никлас Ландин ќе го носи знамето на Данска, додека Ана Грос ќе биде претставник на словенечките спортисти.
Луис Абинг (Холандија), Бланка Биро Боде (Унгарија), Азенаиде Карлос (Ангола), како и Катрин Лунде (Норвешка), исто така ќе ги носат знамињата на своите држави.
Женскиот ракометен турнир на ОИ започна ден пред Свеченото отворање, додека ден по него ќе стартуваат и машките репрезентации.