Машката репрезентација на Франција ја забележа првата победа во дури во четвртиот натпревар на Олимписките игри.
Избраниците на Гијом Жил славеа против Аргентина со 28-21 и сега во последното коло ќе решаваат за последниот патник во четвртфиналето во директен дуел со Унгарија.
Победникот против Аргентина беше решен уште по првото полувреме, кога Франција отвори со водство од 7-0, а на паузата беше 15-8.
Јужноамериканците ја преполовија негативата во вториот дел, но немаа сили за комплетен камбек и Франција повторно „нагази“ за конечна победа.
На табелата прва е Данска со осум бода, втора е Норвешка со шест и меч помалку, Египет трети со три бода и меч помалку, а сега Франција има три на четвртата позиција.
Најдобар стрелец во победничката репрезентација беше Деска со осум погодоци, додека Паркер даде седум за Аргентина.