Женската репрезентација на Данска е првиот полуфиналист на Олимписките игри по четвртфиналниот триумф над Холандија со 29-25.
Клучен фактор за триумфот на Данска беше голманката Алтеа Рајнхарт, која одбрани 18 удари на холандските ракометарки.
Во првиот дел Холандија водеше со четири гола, потоа и со 10-7, но осум минути до паузата не погодија избраничките на Пер Јохансон, Данска го искористи тоа со серија од четири гола замина на одмор со 11-10.
На стартот на вториот дел продолжи таквата серија, по заслуга на Рајнхарт и Данска веќе беше на плус пет, 15-10.
Се трудеа Полман, Абинг, Хушер…намалија на минус два на средината на второто полувреме, но немаа сили за завршен удар и Данска полека рутински го доработи натпреварот.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Фрис и Хансен со по шест гола, додека кај Холандија се истакнаа Хушер и Ван Ветеринг со по седум погодоци.