По пауза од 12 години Норвешка повторно ќе се бори за златото на Олимписките игри, откако го доби „соседското дерби“ со Данска, 25-21 (11-8). За Норвешка ова е петто финале, и досега двапати победувале. На претходните две Олимпијади го освоија бронзениот медал, а сега конечно им се оствари желбата – да играат за златото.
Двете репрезентации играа меѓусебе и во групната фаза од олимпискиот турнир, а тогаш Норвешка триумфираше со 27-16. Сега беше време за реванш, но наместо тоа дојде уште еден триумф на Норвежанките, многу поважен од оној во групната фаза.
Данска до 2004 година важеше за ракометна велесила кај жените, и во Атина го освои златниот медал. Оттогаш на сцената стапи Норвешка. За Данска овие ЛОИ се пресвртница бидејќи по 20 години пак ќе играат за медал, за бронзен против Шведска.
Данките се држеа, но „распаѓањето“ почна кога Камила Херем постигна гол за водство 15-9 во 39 минута минута. Тоа беше првиот знак дека Норвешка направи голем чекор кон закажување дуел со домаќинот Франција.
Изгледаше како Данска да се откажа, а Норвешка полна со мотива и желба да играат во своето петто финале на Олимписките игри. Двапати победиа, а двапати загубија во тој најважен меч.
Предноста потоа се искачи на „плус 7“ кога поведе Норвешка со 20-13, а потоа и 21-14 во 51 минута. Тешко беше да се направи пресврт, бидејќи Норвежанките си ги користеа своите шанси.