Светската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од последното коло од машкиот Олимписки турнир.
Најдобрата судиска двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе го суди големото скандинавско дерби меѓу Данска и Норвешка.
Овој натпревар што се игра од 19:00 часот во Париз, ќе реши која од овие две селекции ќе го освои првото место во групата Б.
Македонците Николов и Начевски досега судеа перфектно на три натпревари, а овој дуел ќе им биде четвртата задача на Олимписките игри.