Денеска свечено ќе бидат отворено Олимписките игри во Париз, но нема се да помине според очекувањата.
Француската национална железничка компанија објави дека мрежата на брзи возови била нападната, и биле подметнати пожари.
Целта била да се паралазира системот и да се спречи нормалното функционирање, а поради со проблеми се соочуваат многу патници.
Од железничката компанија велат дека се работи на надминување на проблемот со големи екипи и се очекува наскоро работите да се вратат во нормала.
Ракометниот турнир во женска конкуренција стартуваше во текот на вчерашниот ден, додека утре ќе почне и машкиот турнир.
🇫🇷 ALERTE INFO – À quelques heures de la cérémonie d’ouverture des JO, la #SNCF est victime d’une “attaque massive d’ampleur pour paralyser” son réseau de TGV, avec des incendies volontaires. Le trafic sera “très perturbé” au moins tout le week-end. ⚠️ Il est demandé “à tous les… pic.twitter.com/pMrxUN8Ka4
— Mediavenir (@Mediavenir) July 26, 2024