ПАРИЗ 2024: Миклер се шегува – ниту на ОИ немам мир од фановите!

Голманот на унгарската репрезентација, Роланд Миклер, објави фотографија со шпанските тениски ѕвезди – Рафаел Надал и Карлос Алкараз.

Искусниот Миклер, кој е резерва во унгарскиот национален тим, се пошегува на социјалните мрежи отако ја објави фотографијата.

„Се надевав барем овде дека фановите ќе ме остават на мира…Ви благодарам дечки за фотографијата“, напиша Миклер.

Иако го пропушти ЕП 2024 за да биде подготвен комплетно за Олимписките игри, сепак Миклер не е меѓу голманското дуо на Унгарија.

Селекторот Чема Родригез се определи за Ласло Бартуч и Криштоф Палашич, а прв предизвик за Унгарија ќе биде дуелот со Египет.