ПАРИЗ 2024: Maкедонците „главни“ на балканскиот двобој!

Светската ракометна федерација ги објави официјалните лица за натпреварите од второто коло на машкиот турнир на Олимписките игри.

Најдобрата судиска двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, се делегирани на балканскиот двобој во Париз меѓу Хрватска и Словенија.

Овој натпревар се игра утре со почеток во 11:00 часот во Париз, а двете селекции го дочекуваат во различно расположение.

Хрватите со пресврт победа над Јапонија стартуваа на ОИ, додека Словенците прокоцкаа добра предност и загубија од Шпанија.