Селекцијата на Словенија е последниот патник во полуфиналето на Олимписките игри, откако ја елиминираше Норвешка и ја победи со 33-28.
Избраниците на Урош Зорман водеа на паузата со 16-12, а скандинавскиот состав успеа да ја преполови негативата во финишот на мечот.
Сепак немаше сили за комплетен камбек, бидејќи Лесјак се испречи пред нив, а потоа Јанц стрелаше и зголеми на плус три, 26-23.
Немаше веќе шанси за враќање во игра и Словенија рутински го доработи натпреварот за конечни плус пет, 33-28.
Ова е историска вечер за Словенија, која по првпат се пласираше во ТОП 4 на Олимписките игри.
Лидер на Словенците стана Алекс Влах, кој постигна 11 погодоци во мрежата, а Блаж Јанц даде девет, додека во норвешкиот состав се истакна Александар Блонц со седум гола.