Селекцијата на Холандија, еден од тимовите што од позадина ќе чека шанса за да се вклучи во битките за медали, имаше победнички старт на Олимписките игри во Париз.
Избраничките на Пер Јохансен, се помачија малку, но прославија триумф против Ангола со 31-27.
Во првиот дел Холанѓанките водеа со два до три гола, во еден момент имаа и плус четири, но Ангола се врати во егал, 15-15.
На паузата, Холандија водеше со 19-18, но во вториот дел заигра подобро, направи разлика од пет гола, 24-19 и до крајот само рутински ја задржа разликата.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Малештајн и Полман со по осум гола, додека голманките Тен Холте и Дујиндам комбинираа осум одбрани. Во составот на Ангола по шест пати реализираа Ненганга и Пауло.