ПАРИЗ 2024: Грондал диригираше, Норвешка за едно полувреме ја реши Аргентина

За разлика од дамите, машката репрезентација на Норвешка победнички стартуваше на Олимписките игри во Париз.

Скандинавците ја совладаа селекцијата на Аргентина со 36-31, а победникот беше решен уште по првиот дел, кога Норвешка водеше со 22-15.

Второто полувреме беше само рутинско одработување на задачата, иако јужноамериканскиот ривал се закани во еден момент и намали на минус четири.

Најдобри стрелци во победничката репрезентација беа Грондал со осум и Бјорнсен со шест погодоци, додека меѓу стативите Бергеруд и Северас комбинираа 15 одбрани.

Во составот на Аргентина, се истакна Диего Симоне со пет гола