ВСелекцијата на Германија славеше во дерби пресметката со Шпанија со 33-31 и се наоѓа на чекор до четвртфиналето на Олимписките игри.
Иако Шпанците беа тие што водеа во последните десетина минути со 30-28, сепак до крајот постигнаа само еден погодок, а тоа беше премалку за да се надеваат на нешто повеќе.
Германците беа упорни и по „германски“ стигнаа до пресврт, а голманот Давид Шпет исто така имаше клучни интервенции во моментите кога Германија се враќаше во игра за победа.
Бундес тимот имаше плус три во текот на првиот дел, а на пауза се замина со 20-18. Душебаев се разигра во второто полувреме, Шпанците успеаја да ја преземат контролата и да поведат со два гола, но не издржаа до крајот.
Во победничкиот состав се истакнаа Ушчинс со осум и Гола со седум погодоци, а голманот Шпат забележа 13 интервенции. Кај Шпанија, најдобар стрелец беше Гомез со десет гола.