Домаќинот на Олимписките игри, Франција, се пласираше во полуфиналето откако славеше против Германија со 26-23.
Поведоа домаќинките со 5-2, па 9-3, но Германките не се откажуваа и до крајот на полувремето успеаја да ја преполоват негативата на минус три, 13-10.
На стартот на вториот дел, Франција се одлепи на плус 15-10 и до крајот иако ривалот се обидуваше да се врати во егал, сепак не успеа и победата остана за избраничките на Оливие Крумболц.
Тамара Хорачек беше предводник на Франција со седум гола, додека исто толку за поразената селекција постигна Емили Болк.