ПАРИЗ 2024: Германија не калкулираше против Словенија, може да налета на Франција во четвртфинале!

Германија славеше против Словенија со убедливи 36-29 и го обезбеди првото место во групата А од машкиот турнир на Олимписките игри.

Бундес тимот не калкулираше за да ја избегне Франција, која може да биде четврта во групата Б како ривал во четвртфиналето.

Избраниците на Алфред Гисласон уште по првиот дел ја најавија кога водеа со девет гола разлика, 23-14, а Словенците решија да не се трошат премногу пред претстојниот четвртфинален предизвик.

Најдобри стрелци во победничкиот состав беа Хафнер со седум и Хејман со шест погодоци, додека кај Словенија се истакна Хоржен со седум.

Германија е сигурно прва, додека Словенија ќе мора да го сочека дуелот меѓу Хрватска и Шпанија за да дознае од која позиција оди во четвртфиналето.