ПАРИЗ 2024: Французите едногласни – нема да лажеме, боли поразот од Данска!

Франција претрпе убедлив пораз од Данска на отворање на Олимписките игри, иако очекувањата на јавноста беа поинакви.

Француските репрезентативци и селекторот се разочарани и сигурно не им беше сеедно по таквата шлаканица.

„Нема да лажам, овој пораз боли. Иако Данска ни беше ривал, да загубите осум разлика на домашен терен и тоа на стартот, не е најубаво чувство“, изјави Лудовик Фабрегас.

Недим Ремили смета дека ако треба да се најде вистинско време за пораз, тогаш ова беше вистинското.

„Дури и да мораме да загубиме, ова беше вистинско време. Имаме уште четири меча во групата, па имаме време да дојдеме до добра позиција“, смета Ремили.