Селекцијата на Франција и пред мечот со Шпанија ја имаше потврдено првата позиција, но и покрај тоа славеше лесна победа со 32-24.
Французинките поведоа со 5-1, и тука веќе беше јасно каков тек ќе има овој натпревар, а на пауза имаа предност од осум гола, 17-9.
Вториот дел беше само формално одработување на задачата и дел од силите беа сочувани за следниот голем предизвик – четвртфиналето.
Шпанија разочара на овој турнир, имаше пет порази на пет меча и заслужено си оди дома.
Најдобар стрелец во победничкиот тим беше Тубланк со шест гола, а во шпанската репрезентација, искусната Барбоса стрелаше пет пати.