ПАРИЗ 2024: Франција се врати од бездна – по 70 минути обезбеди борба за злато на ОИ!

Селекцијата на Франција е првиот финалист на женскиот Олимписки турнир, откако славеше против Шведска по продолженијата со 31-28.

Швеѓанките имаа плус три во првиот дел, 7-4, Франција се врати во егал, но одново попуштија пред паузата избраничките на Оливие Крумболц и скандинавската селекција на одмор замина со водство, 12-10.

Тимот предводен од Томас Акснер доминираше уште повеќе и на стартот на вториот дел, ја имаше контролата на теренот, а Бундсен беше одлична на голот. Во два наврати Шведска водеше со 20-16 и 21-17.

Хорачек и Нзе Минко преземаа се во свои раце, па како се ближеше крајот така Франција се враќаше во мечот. Израмнија домаќинките на 22-22, а потоа во играта гол за гол Хорачек донесе 25-25 кога имаше да се игра уште петнаесетина секунди до крајот. Шведска не успеа да организира добар напад и мечот отиде во продолженија.

Таму психолошката предност беше на страната на домаќинот, се надоврза и голманката Сако и на крајот Франција славеше со 31-28 и обезбеди место во финалето каде го чека победникот од дуелот меѓу Данска и Норвешка.