ПАРИЗ 2024: Египет ја испрати Аргентина со пет порази

Африканскиот првак Египет славеше против Аргентина со 34-27, во натпревар што може да им го донесе второто место во групата.

Иако „фараоните“ го имаа од претходно обезбедено местото во четвртфиналето, овој триумф може да им донесен полесен ривал, ако Норвешка загуби од Данска.

Иако Аргентинците водеа по првото полувреме со 15-14, сепак следуваше голем пресврт во вториот дел.

Египет постигна дури 20 погодоци, а одбраната беше одлична и на крајот момците на Хуан Карлос Пастор прославија убедлива победа.

Најдобри стрелци кај победникот беа Ел Дера и Зеин со по шест погодоци, додека кај Аргентина, Пизаро даде исто толку.