Во борбата за медалите на машкиот олимписки ракометен турнир продолжуваат осумте најдобри репрезентации од двете групи.Четири заминуваат дома, а меѓу оние што ќе играат за висок пласман има седум европски репрезентации и една од Африка.
Сега веќе нема поправен, и секој меч значи елиминација. Во четвртфиналето веројатно два натпревари ќе предизвикаат најголемо внимание: Германија – Франција и Данска – Шведска.
Шпанија во последната секунда ја победи Хрвстака и така го избегна последното место во групата, и можниот дуел со Данска. Сега Шпанците си закажаа средба со Египет. Во последниот четвртфинале меч ќе играат Словенија и Норвешка.
Натпреварите заврпшија со Хрвстака, Јапонија, Унгарија и Аргентина.