ПАРИЗ 2024: Дувњак го испофали Мартиновиќ – Така го прават тоа големите играчи!

Хрватска едвај славеше против Јапонија со 30-29, со победничкиот гол на Иван Мартиновиќ во последните секунди од мечот.

Иако Јапонија цели 45 минути го имаше дуелот под контрола, но сепак дозволи камбек на Хрватите во финишот.

Домагој Дувњак го прокоментира крајот на натпреварот.

„Мислам дека овој дуел беше типичен како за прв на големите натпреварувања. Во првиот дел не можевме да се справиме со брзината на Јапонците. Но по одморот се смени ситуацијата. Игравме подобро, и не треба пак да кажувам дека ова се ОИ и секој ривал е силен. Морам да го пофалам Иван Мартиновиќ. Пред последниот обид, тој имаше еден нереализиран шут. Но во последните минути тој ја зема работата во свои раце. Така тоа го прават големите играчи“, вели Дувњак за „Спортске Новости“.

ПАРИЗ 2024: Мартиновиќ меч-винер, Хрватска во последната секунда ја скрши Јапонија!