Селекцијата на Данска славеше убедливо против Кореја со … и од првото место на табелата оди во четвртфиналето на Олимписките игри.
Како и на сите натпревари од последното коло, така и овој беше решен уште по првите триесетина минути, кога Данска водеше со 13-8.
Во второто полувреме доминираше скандинавската селекција и мечот го заврши со победа од осум погодоци, 28-20.
Кај Данска по шест пати погодуваа Ане Мете Хансен и Кристина Јоргенсен, додека кај Кореја, пет гола даде Во.
Со комплетирањето на петтото коло од групната фаза познати се сите четвртфинални двојки, а овие натпревари ќе се играат во Лил.
Олимписки игри, четвртфинале:
Франција – Германија
Данска – Холандија
Норвешка – Бразил
Шведска – Унгарија