Скандинавците се добро познати во европската ракометна јавност, дека секогаш имаат замерки организацијата на големите натпреварувања.
Шоферот на тимскиот автобус на Данска, два пати за една недела го погрешил патот, а скандинавците како едвај да чекаа да најдат замерка.
Во средата, поради тоа Данците задоцниле на првиот тренинг, додека во четвртокот го згрешил патот на враќање од тренингот во Олимпиското село.
„Грешка може да се случи, но кога третпат возите по иста насока, веројатно треба да научите. Трпение не ни остана многу!“, вели селекторот Јакобсен за „Екстра Бладет“.
Ниту Матијас Гидсел не е задоволен.
„Секако дека ве нервира кога пат од 20 минути ќе ви одземе еден час. Ние само сакаме да се вратиме во Олимпиското село, да јадеме и да се одмориме, а ни кажаа дека треба да се насмееме на ова што ни се случи“, вели Гидсел.
На душеците се пожали средниот бек на Норвешка, Тобијас Грондал.
„Ми стана навика да се жалам на креветите на големите натпреварувања, но ова е премногу лошо, апсолутно ужасно. Сега се трудиме да ги средиме работите“, вели Грондал за ТВ2.
На шведските репрезентативки не им одговараа душеците на креветите во Олимпиското село, па си купија од свои пари нови душеци, помеки, од ИКЕА.