ПАРИЗ 2024: Бундсен ги запре Германките, Шведска има два од два!

По изненадувачкиот триумф над Норвешка во првото коло, селекцијата на Шведска славеше уште еден, овојпат над Германија со 31-28.

Се играше израмнето до 4-4, а потоа Швеѓанките си го фатија редот. Поведоа со 7-4, а до паузата стигнаа до високи плус седум, 19-12.

Во второто полувреме, Германките не се предаваа, ја намалија негативата на минус четири, 24-20, беше и 29-26, но немаа сили за нешто повеќе на овој меч.

Голманката на Шведска, Јоана Бундсен, забележа 17 одбрани и беше нерешлива енигма за германските ракометарки, а најдобар стрелец беше Карлсон со седум гола.

Во германскиот состав се истакнаа Бехред, Маидхоф и Гријселс со по пет погодоци.