Селекцијата на Данска оствари трета победа на Олимписките игри, откако славеше и против Аргентина со 38-27.
Николај Јакобсен може веќе да го планира настапот во четвртфиналето во Париз, а на овој дуел против јужноамериканскиот ривал беше одиграно колку што треба за победа.
Блескаше Матијас Гидсел со 13 гола од 13 удари, а на голот одлична партија имаше Емил Нилсен со 16 интервенции.
По првиот дел 19-14, а во второто полувреме комплетно беше надигран противникот, кој остана и без Фишер поради црвениот картон.
Во составот на Аргентина, која го доживеа третиот пораз на три меча, по пет гола дадоа Пабло Симоне, Паркер и Пизаро.