Тимот на Битигхајм, каде што брани македонскиот голман Мартин Томовски, запиша нов триумф во Втората Бундес лига.
На домашен терен Битигхајм славеше против незгодниот Кобург, а голема заслуга има нашиот репрезентативец.
Томовски успеа да запре 11 удари на противничките ракометари и сега Битигхајм e na второто место на табелата.
Следен предизвик за македонскиот репрезентативец и неговиот тим ќе биде гостинскиот натпревар кај Нордхорн.