Во пресрет на денешниот дуел од групата Ц помеѓу Исланд и Србија, се огласија и дел од ракометарите на „рибарите“, легендарниот Арон Палмарсон, и ракометарот на Веспрем, левото крило Бјарки Елисон.
Нашите амбиции се да ја победиме Србија која е врвна репрезентација, играчи од светска класа, и мора да бидеме подготвени на борба.- изјави Елисон.
Најдобриот ракометар кај Исланѓаните, Арон Палмарсон смета дека Србија е одлична репрезентација, но тие имаат нов селектор, одличен систем и ќе одат на победа на денешниот натпревар.
Имаме добар тим, нов селектор, нови идеи.Оптимисти сме, Србија има врвна репрезентација која игра одлично последните неколку години. Средниот бек, голманите и пикерите им се најголемата сила. Мора да играме многу добро и константно да држиме високо темпо ако сакаме да дојдеме до победа.- смета Палмарсон.
Натпреварот помеѓу Србија и Исланд е закажан за 18:00 часот.