Најтрофејниот исландски ракометар, Арон Палмарсон, по завршувањето на својата играчка кариера, ќе ја започне следната фаза како консултант во својот матичен клуб Хафнарфјордур.
Клубот официјално објави дека Палмарсон ќе има улога на советник, со фокус на развојот на младинските категории и поддршка на стручниот штаб и управата на сениорскиот тим.
Во својата блескава кариера, Палмарсон освои вкупно 34 трофеи, вклучувајќи 13 национални шампионски титули и три пехари од Лигата на шампионите.
„Не ми требаше многу време да ја прифатам понудата. Со нетрпение ја очекувам оваа нова улога. Сакам да го пренесам своето знаење и искуство, и се надевам дека тоа ќе му помогне на Хафнарфјордур да продолжи со напредокот“, изјави Палмарсон.
Остави силен печат играјќи за европски гиганти како Кил, Веспрем, Барселона и Алборг. За исландската репрезентација одигра 182 натпревари.