Паличка го напушта „бродот што тоне“

Легендарниот шведски голман Андреас Паличка (39) би можел да се врати во Бундес лигата неколку месеци пред предвиденото поради финансиските проблеми на норвешкиот Колстад, пишува Билд.

По завршувањето на репрезентативната кариера со Шведска на ЕП, Паличка, кој има богата историја во најсилната лига во светот, наскоро би можел повторно да биде дел од неа.

Иако се очекуваше да потпише за Фуксе Берлин, според актуелните шпекулации, Паличка може да го започне пролетниот дел од сезоната како играч на Вецлар, тим кој се бори за опстанок во Бундес лигата. Само неколку детали се уште треба да се прецизираат пред трансферот да стане официјален.

Паличка има богато искуство во германскиот ракомет, тој претходно настапуваше за Кил (2008–2015) и Рајн Некар Леувен (2016–2021), а сега сака повторно да покаже дека може да биде клучен фактор и во овој дел од кариерата.

Тој заминува зимава од норвешкиот Колстад поради финансиските проблеми на клубот, а откако ќе го одработи договорот со Вецлар, на лето треба да го замени ејан Милосављев во Берлин.