Пролет ја прекина серијата од три натпревари без победа откако триумфираше на гостински терен кај Струга со 38-29. Левото крило Давор Палевски имаше одлична партија во дресот на Пролет и успеа да постигне 15 погодоци од 16 обиди, а меѓу најзаслужните за двата бода покрај езерото беше и Марко Мишевски со седум гола. Во составот на Струга, седум гола имаше Наум Костов, а по пет Стефан Атанасовски и Ненад Костоски.
Сега Пролет се враќа во колосек и во битката за местата што водат во плеј-офот. Избраниците на Никола Матлиески уште од стартот најавија дека се дојдени по бодови покрај езерото.
Поведе Пролет со 6-1, стружани во еден момент фатија приклучок, се приближија на кратко и намалија на минус два, но на паузата гостите предводени од Палевски, беа тие што заминаа со огромна залиха, 19-12.
Во вториот дел ништо значајно не се промени на теренот во поглед на домашниот тим, па Пролет рутински и без поголеми проблеми успеа да го приведе мечот до крај и да се израдува на прва гостинска победа оваа сезона.
Сега следува репрезентативна пауза, а Пролет во следното коло ќе игра на домашен терен против Вардар, додека Струга ја очекува гостување во Автокоманда кај „сино-белите“ на Кирил Лазаров.


























