Пакет со „двајца лавови“ кон Унгарија: Мартиновиќ и Апелгрен во Веспрем!

Десниот бек Иван Мартиновиќ и голманот Микел Апелгрен ова лето би можеле да го засилат унгарскиот гигант Веспрем.

Според информациите на „Handball Basse“, Чави Пасквал јасно ставил до знаење дека не смета на голманот Мајк Јенсен, па посакува нов чувар на мрежата.

Штутгарт одредил висока оштета за Милјан Вујовиќ, а Спортинг Лисабон не сака да го ослободи Андре Кристенсен пред истек на договорот.

Па затоа изборот падна на Апелгрен, и ќе следува трампа меѓу двата клуба со голманите, но и Иван Мартиновиќ наместо следната, веројатно уште оваа сезона ќе дојде во Веспрем.

Унгарскиот гигант за новата сезона се засили со тројца Егиѓќани – Хешам, Зеин и Адел, дојде и Бразилецот Дос Сантос, како и Французинот Лен на десната крилна позиција.