Пакет од Вардар за францускиот Каен

По Хансер Родригез, уште еден ракометар на Вардар ќе се пресели во францускиот Каен за претстојната сезона.

Станува збор за поранешниот младински репрезентативец на Португалија, а сениорски на Ангола, Нилтон Мело.

Мело дојде пред две сезони во „црвено-црниот“ клуб, имаше свои добри моменти, иако не добиваше преголема минутажа.

По две сезони во Скопје, Мело и Родригез ќе продолжат заедно во Каен, каде ќе му се приклучат на екс пелистерецот Руди Сери.