Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од 3 коло од групната фаза на континенталниот собир.
По вторпат на Македонија ќе и судат судии од скандинавија, исто како и на мечот со Турција, на кој имаше многу судиски грешки на наша штета.
За натпреварот меѓу Македонија и Унгарија, ЕХФ ги делегираше судијките од Данска, Лине Хансен и Жозефин Јенсен.
Натпреварот меѓу Македонија и Унгарија се игра вечерва во „Феникс Арена“ со почеток во 18:00 часот.