Европската ракометна федерација ги објави ранг-листите за европските купови за наредната 2025/26.
Во машка конкуренција, Македонија од 13. место напредуваше за две позиции и сега е 11, но тоа и натаму значи дека немаме директно место во Лигата на шампионите. Во овој ранкинг во предвид се земени резултатите од сезоните 2021/22, 2022/23 и 2023/24, па се уште се смета и онаа „празна“ сезона во која немавме претставник.
Пад забележаа и Франција и Португалија, но тие остануваат со директно место, додека Норвешка го загуби тоа и ќе мора да бара вајлд-карта. Директно место ќе добијат шампионите на Романија и Хрватска, кои се вратија во ТОП 9.
Од таму испадна Белорусија, која и онака е суспендирана, а Словенија исто така ќе мора да вајлд-карта за место во елитата.