Пак браќа, и пак близнаци: Познати судиите за мечот Македонија – Португалија

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од второто коло во групата Б.

Натпреварот меѓу Македонија и Португалија, што е од големо значење за нашиот состав во битката за главната рунда, им е доверен на браќа близнаци.

Откако претходно со Данска ни судеа молдавските браќа Ковалчук, сега ќе ни судат Амар и Дино Коњичанин од Босна и Херцеговина.

Натпреварот меѓу Македонија и Португалија се игра утре од 18:00 часот во „Јуске Банк Боксен“ во Хернинг.