Пајовиќ и Фленсбург победнички ја започнаа главната фаза во ЛЕ

По зимската пауза, денеска стартуваше главната фаза во второто по ранг европско клупско натпреварување – Лигата на Европа.

На натпреварите кои беа од терминот од 18:45 часот најголемо внимание привлече германскиот двобој меѓу Гумерсбах и Фленсбург.

Ракометарите на Фленсбург успеаја да ги освојат посакуваните бодови, откако со подобрата игра во вториот дел дојдоа до победа од 36:31.

Гумерсбах имаше свои моменти во првиот дел, во кој беа постигнато вкупно 37 погодоци, но во вторите 30 минути гостите беа доминантни на теренот.

За новиот тренер на Фленсбург, Алеш Пајовиќ, ова беше втора победа, по она против Ерланген во Бундес лигата.

Предводник во победата на Фленсбург беше кружниот напаѓач Јоханес Гола, која постигна десет погодоци, по седум имаа Симон Питлик и Емил Јакобсен. Кај Гумерсбах најефикасен беше младиот Јулијан Кестер со седум реализации.

И останатите три натпревари беа интересни, а на победа се радуваа екипите на Монпелје и Лимож, додека Гранољерс и ГОГ ги поделија бодовите, откако одиграа нерешено.

Лига на Европа, главна фаза, 1. коло, резултати:

ГРАНОЉЕРС – ГОГ ГУДМЕ 36-36
ГУМЕРСБАХ – ФЛЕНСБУРГ 31-36
МОНПЕЛЈЕ – КРИЕНС ЛУЦЕРН 31-27
ИШТАД – ЛИМОЖ 32-36
20:45 БИДАСОА ИРУН – БЕНФИКА
20:45 МЕЛСУНГЕН – КИЛ
20:45 ПОРТО – ВОЈВОДИНА
20:45 ТУЛУЗ – ТАТАБАЊА