Паднаа 82 гола во „Јане“: Неготинци без тренер и клучните играчи го намачи Голден Арт

И последната тронка надеж дека можеби Вардар Неготино ќе успее да остане во суперлигашкото друштво, пропадна, бидејќи неготинци загубија на гостувањето во Скопје кај Голден Арт со 46-36 (21-23). На две кола до крај на плејаутот, Вардар Неготино останува на 21 бод, осум помалку од Куманово.

Голден Арт ја оствари четвртатат победа во разигрувањето, иако и тие в година ќе играат ранг пониско. Гостите од Неготино допатуваа без тренерот Игор Котевски, кој поради семејни причини нема да ја доврши сезоната, па екипата ја предводеше Ратко Вељанов. Во составот на Вардар Неготино недостасуваа и странците Адамовиќ и Бугариновиќ, но и неколку други стандардни играчи.

Иако беа со речиси младински тим, гостите долго време одолеваа на притисокот и беа резултаски во игра. Многу постигнати голови на двете страни беше карактеристиката на првото полувреме.

Дури во вториот дел Голден Арт направи предност која на крајот беше изразена двоцифрено, 46-36. Ѓорѓи Орешков со 15 гола беше најпрецизен кај гостите од Неготино, а Мице Шилегов даде 11 гола за Голден Арт.

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ПРИЛЕП14111236
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 214100433
3ВАРДАР НЕГОТИНО1480624
4МУЛТИЕСЕНС1471623
5ГОЛДЕН АРТ1451819
6СКОПЈЕ 20201420126
7АЕРОДРОМ1400142