Тимот на Охрид дојде до нова победа во Групата А од Супер машката лига и продолжи со доминацијата која ја има од стартот на сезоната совладувајќи го на свој терен и тимот на Јуниор Кисела вода со 30:21.
Кој ќе победи на овој дуел се знаеше уште рано во натпреварот. Гостите од Скопје не можеа да парираа и уште рано го загубија чекорот. Средбата тргна со 3:0, а овие три гола предност за Охрид брзо станаа шест кога охриѓани поведоа со 9:3.
Нешто подобрата игра на гостите во следниот период беше доволна за намалување на четири негатива, но откако беше 12:8 за Охрид во 23. минута до крајот на првото полувреме немаше нови голови за гостите, па на одмор домашните заминаа со 15:8.
Овие седум гола предност лесно станаа и 12, кога Охрид имаше 22:10 и тука веќе победникот беше одлучен. Немаше многу шанси за гостите во овој период така што тимот на Охрид можеше мирно да го однесе натпреварот до крај и да дојде до три бода.
Јуниор Кисела вода се обиде да намали и успеа во финишот да се врати во едноцифрена негатива, но не можеше повеќе. Конечните 30:21 во корист на Охрид само ги поставија работите според она што се очекуваше, па ова значи дека Струга и дефинитивно оди во плеј-оф така што веќе нема дилеми околу тоа кои клубови од Групата А одат во битката за титулата.